У17: Македонските фудбалски надежи убедливо поразени од Словачка

фото: ФФМ

Денеска на турнирот во Малта во својот прв натпревар од претквалификациската група „8“ за влез во елитната фаза за пласман на Европското првенство 2024 македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години загуби убедливо од Словачка со 4:0.

Словачките надежи ги решија сите дилеми околу победникот уште по првото полувреме кога стрелаа Валко во шестата, Влна во 34 и Балог во 41 минута.

Конечниот епилог беше поставен во 64 минута преку Влна кој го запиша и вториот погодок на мечот.

У17 Македонија: Илоски, Ристовски, Суботиќ (Аслани 60`), Атанасовски, Ристов (Радевски 46`), Андоновски, Латифи, Муслиу (Перески 73`), Киш (Али 46`), Етоски, Младеновски (Гавровски 68`).

Во вториот меч од стартната рунда Шпанија ја оправда фаворитската улога против домаќинот Малта (7:0). Токму шпанската селекција ќе биде следниот ривал на Македонија на 28 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот