Тврдоглавиот Маркез повторно опериран, враќањето на патеките непознато

фото:motosport.com

Возачот на Хонда и актуелен шампион во Мото ГП класата, Марк Маркез вчера беше повторно опериран откако се откри дека титаниумската плочка која се костеше за фиксирање на надлактицата е оштетена.

Маркез првиот пат беше опериран на 21. јули откако доживеа доживеа скршеница на надлактичната коска по падот на патеката во Херез. Вчера Маркез мораше повторно да оди на операција, а медиумите шпекулираат дека титаниумската плочка е оштетена поради одлуката на Маркез да се обиде да вози на трка само четири дена по операцијата, иако докторите не беа согласни за такво нешто.


– Првата операција беше успешна, но не очекувавме дека плочката која ја користивме нема да биде доволна. Поради стрес на оперираното место дојде до оштетување така што титаниумската плочка е отстранета и заменета со нова. Марк не чувствуваше болка во овој период. Ги следеше советите на лекарите. Сега мора да почекаме 48 часа за да знаеме колку време ќе трае рехабилитацијата – порача докторот Хавиер Мир.

Маркез поради повредата ги пропушти последните две трки и требаше да се врати на патеката во Брно на 9. август, но неговото место на оваа трка ќе го заземе Штефан Брандл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот