Твитер трајно и го укина профилот на американската конгресменка поради ширење дезинформации за коронавирусот

Конгресменка Тејлор Грин EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Твитер го забрани личниот профил на републиканската членка на Претставничкиот дом на САД, Марџори Тајлер Грин поради повеќекратно прекршување на прописите на таа социјална мрежа во врска со ширењето на дезинформации за Ковид 19.

Твитер / Фото: МИА

Во соопштението на компанијата се вели дека налогот на Грин е трајно суспендиран во рамките на системот Твитер лансиран во март, кој користи вештачка интелигенција за да идентификува извештаи за коронавирусот кои ги доведуваат во заблуда и им штетат на луѓето, пренесува АП.

 

Се прецизира дека за два или три прекршоци се воведува суспензија од 12 часа, за четири еднонеделни суспензии, додека пет или повеќе прекршоци може да доведат до трајно укинување на профилот.

Конгресменка Тејлор Грин EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Грин, преку конкурентската социјална мрежа „Телеграм“ ја нарече одлуката на Твитер како неамериканска и изјави дека нејзиниот профил бил суспендиран откако објавила статистика од Системот за известување за несакани ефекти од вакцината, владина база на податоци што вклучува и непотврдени информации.

„Твитер е непријател на САД и не може да ја поднесе вистината. Тоа е во ред, но ќе им покажам на САД дека не ни се потребни социјални мрежи како Твитер и дека е време да ги победиме нашите непријатели“, рече Грин.

 

 

Конгресменка Тејлор Грин EPA-EFE/SHAWN THEW

Во јули, Твитер го суспендираше профилот на Грин на седум дена, по повикот на американскиот претседател Џо Бајден до сите социјални мрежи да санкционираат лажни објави за вакцината против Ковид, поради која умираат луѓе.

Пред таа суспензија, Грин напиша на Твитер дека ковидот „не е опасен за луѓето кои не се дебели и кои се помлади од 65 години“, а нејзиниот профил сега е укинат затоа што напишала дека е регистриран многу голем број смртни случаи кај лицата кои ја примиле вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот