Фото: Принтскрин

Туската армија распоредува борбени трупи долж границата со Сирија (ВИДЕО)

Турција ја префрлила борбената оклопна техника на сириската граница, а светските медиуми објавија снимки од турската војска.

На една од снимките се гледаат тенковите М60 и оклопните транспортери М113. Исто така е прикажан и воен конвој забележан на влезот во градот Акчакале, кој само неколку стотици метри е оддалечен од сириската граница.

Исто така се гледаат и разни видови на оклопни возила, воени камиони и артилерии. Како што јавува агенцијата Анадолија, конвојот се состои од околу 130 возила.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кон почетокот на октомври изјави дека турската операција на север во Сирија, источно од Еуфрат, би можела наскоро да започне.

Турскиот претседател во таа прилика додаде дека главна цел е чистење на пограничните сириски територии од Турција од силите на самоодбраните сириски Курди, формирање на зони за безбедност и распоредување на сириските бегалци кои се наоѓаат во Турција.

Американскиот претседател Доналд Трамп, од порано се закани дека ќе ја уништи турската економија ако Анкара ја помине границата на дозволеното.

Во неделата Вашингтон соопштил дека американските сили нема да учествуваат во воена операција на Турција на север во Сирија и дека нема да влегуваат во зоната во која се вршат операции.

Присуството на турските сили на границата со Сирија, кои таму спроведуваат операции против курдските сили, Дамаск повеќе пати го нарече нелегално и ја повика Анкара да ги повлечат трупите.

Според зборовите на портпаролот на претседателот на Русија, Димитриј Песков, Кремљ очекува Турција во сите ситуации да го почитува територијалниот интегритет на Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот