Турски трговски логистички центри низ светот
Турција планира да основа странски логистички центри во стратегиски региони во Африка, Америка, Европа, Русија и на Далечниот Исток.
Препорачано
„Имаме намера да ги доставиме турските производи до глобалните пазари на најевтин и најефикасен начин“, изјави министерката за трговија Рушар Пекан.
Еден од приоритетите на нејзиното министерство е да се создадат неопходните инфраструктурни капацитети што ќе ги зголемат перформансите на турскиот извоз на важните пазари, додаде Пекан. Таа подвлече дека добрата логистика игра клучна улога во стратегиското ценовно позиционирање и врз задоволството на клиентите во електорнската трговија, па овие центри ќе ѝ помогнат на Турција во нејзините прекуморски бизнис-иницијативи.
Министерката за трговија информираше дека ваквите логистички центри ќе добијат поддршка од владата во наредните пет години. Оние што ќе покажат добри резултати во првите три години ќе добијат помош уште за наредните пет години. Сепак, таа поддршка нема да биде подолга од 10 години, изјави министерката.
Владата, исто така, ќе ги поддржи овие центри и во врска со трошоците за нивно лиценцирање и разни дозволи за работа, за царински одобренија, за опремување, промоција и маркетиншки активности.
Преземено од Агенција „Анадолу“


