Турската офанзива – нова шанса за Путин

Ердоган и Путин Фото: Профимедиа

До третиот ден на турската офанзива на сириските Курди, бројот на мртви порасна на 350 луѓе, раселени се веќе 64.000, додека линијата на фронтот е развлечена на 400 километри. Извештаите од терен не се усогласени, но изворите од Анкара велат дека се повеќе села во околината на Тал Абијад и Рас ел Ајн, двата градата кои се под контрола на Курдите, паѓаат во рацете на турските сили, објави српска „Политика“.

Курдите имаат околу 40.000 борци, се уште не е познато колку од нив принудно се мобилизирани, колку се подготвени за борба и колку од нив се стручно обучени. Против нив, според информациите, има речиси 14.000 сириски бунтовници кои се против сирискиот претседател Башир ал Асад и во сојуз со Турците. Сепак, повторно не е јасно колку од нив се упатиле кон ова боиште. Меѓутоа, дури и привремената бројна надмоќ на Курдите не значи многу, бидејќи немаат ништо што може да се спротистави на турската артилерија и авијација, која цврсто гази во офанзивните делувања.

Иако турската победа изгледа сигурно, преостанува прашањето што ќе се случи кога борбите ќе завршат: како претседателот Реџеп Таип Ердоган има намера да го задржи регионот кој ќе го освои и може ли тирумфот да има спротивен ефект на економски план. Се поставува и прашњето како поразените Курди ќе се вклопат во пост-воената ситуација во Сирија и може ли Русија да ја искористи оваа шанса да го прошири своето влијание на Блискиот Исток и надвор од сирискиот регион.

За Ердоган, дилемата е како одвнатре да контролира туѓа територија за да ги потисне непријателските милитанти. Ако турскиот претседател, за да ја поштеди својата армија, на тоа се потпре на сириските бунтовници, ситуацијата ќе ја препушти во рацете на сили кои немаат никаква цврстина. А Курдите сигурно нема да целосно победени до таа мера да прекинат со војување на герилска војна, нешто за што се многу вешти веќе долго време. .

Офанзивата повторно ја урна вредноста на турската валута, во момент кога таа започна да се опоравува по драстичниот нејзнин пад. И тој раст е остварен вештачки, со смена на челните луѓе на турската Централна банка и со принудување на таа институција да ги намали каматите за кредити. Но, многу турски фирми се во големи долгови и нови кредити веројатно нема да и помогнат на националната економија. Особено ќе биде опасно ако започнувањето на нова војна и предизвика санкции од Европската Унија, евентуално и САД, и да предизвика страв кај странските инвеститори, чие повлекување поради полтичката нестабилност во земјата во последниот период на владеењето на Ердоган многу ја чинеше турската економија.

Економското значение на ЕУ за Турција е причината поради која Ердоган претходно не ги остваруваше своите закани кон Европа дека ќе пушти 3,6 милиони бегалци кои престојуваат во неговата држава. Веројатно таквата повторена закана повторно нема да се оствари. Но, ако офанзивата не продолжи да напредува, и ако Исламска држава се вмеша во борбата, бегалците ќе тргнат кон Турција, каде поголем број од нив ќе бидат запрени. Притисокот од таа страна можеби ќе го примора Ердоган да го ублажи ударот со одвртување на вентилот на спротивниот крај на земјата: ќе им дозволи на турските чувари на границата со Грција да „замижуваат“ додека мигрантите го поминуваат морето.

Русија ги повикува Курдите на преговори со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, но неговите луѓе веќе порачаа дека нема за што да се разговора. Во комитетот кој треба да го создаде новиот Устав на Сирија, составен под надзор на Русија, Турција и Иран има неколку Курди, но курдските борци не ги сметаат за „свои“, туку за луѓе лојални на режимот. Ако своите автентички претставници во тој комитет не можеа да ги придобијат додека беа на врвот на својата моќ, Курдите нема за што многу да се борат ни кога Ердоган, евентуално, ќе ги порази. Можат да потпишат некаков аранжман, само што тоа нема да ја изгаси нивната одбивност кон Дамаск, што е подлога за некој иден судир.

Русија сепак, кога претседателот Доналд Трамп презема нови чекори за поптполно повлекување на Американците од Сирија, но и во целиот регион, во позиција е да направи некаков договор меѓу оние кои остануваат на тој терен. За тоа би било потребно да се подмират интересите не само на Ердоган, Асад и на Курдите, туку и на Иран и Израел.

Не се исклучува ниту можноста Саудиска Арабија да има некои желби околу Сирија, која претседателот Владимир Путин би ја имал во предвид поради намерата да ги задлабочи се потоплите односи со кралската династија од Ријад. Тоа ќе биде една тешка равенка за решавање, но подобра можност за засилување на руското влијание на Блискиот Исток Путин нема да има.

Имено, САД се уште има силни струи во регионот, и во Пентагон и меѓу републиканците и демократите блиски со Израел, кои сметаат дека, и покрај ставовите на Трамп, па и на Барак Обама пред него, дека се уште не е време Америка да си оди од Блискиот Исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот