Турнирот во Дубаи ќе биде прв за Ѓоковиќ по депортацијата од Австралија

Новак Ѓоковиќ / фото: EPA-EFE/SCOTT BARBOUR

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е пријавен за настап на турнирот во Дубаи, што ќе претставува негов прв настап на турнир во 2022 година.

Првиот тенисер на АТП ранг листата требаше да ја брани титулата на Австралија Опен, но австралиската влада во два наврати му ја укина визата. Првиот пат жалбата на Ѓоковиќ беше усвоена од судот, но втората од врховниот суд му беше одбиена по што српскиот тенисер мораше да ја напушти земјата.

Поради тоа, првиот настап на Ѓоковиќ во 2022 година ќе биде турнирот од АТП 500 серијата во Дубаи на кои ќе настапат уште осум тенисери од топ 10 и тоа: Рубљов, Оже-Алиасим, Синер, Хуркач, Шаповалов, Карацев, Баутоста Агут и Монфилс.
Стартот на турнирот во Дубаи е закажан за 14 февруари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот