Турист и работник паднале од тераса

Ноќеска во полициската станица Охрид било пријавено дека Н.Т.(26) од Република Србија паднал од тераса во хотел во Охрид. Тој се здобил со тешки повреди и по укажаната лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“, е пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Вчера пак 16-годишен албански државјанин паднал од тераса од висина од над шест метри и се здобил со тешки повреди. Според пријавата, тој паднал додека извршувал работни задачи објект во изградба на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар. По укажана помош во болницата во Гостивар, тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот