Турција се закани: Курдските сили да се повлечат или почнуваме воена операција против СДФ поддржани од САД

Војници Сирија/ EPA-EFE/Yahya Nemah

Турција побарала од Русија и САД да извршат притисок врз Сириските демократски сили предводени од Курдите, во рок од две седмици да се повлечат во од три области во северна Сирија, јави „Ал Џазира” повикувајќи се на турски официјален извор.

Според извештајот, Анкара бара курдските милиции да го напуштат Манбиџ, Тал Рифат и Кобане или се заканува со воена операција против Сириските демократски сили поддржани од САД, составени претежно од Силите за заштита на народот (ПДФ) во кои доминираат Курдите, кои Турција смета дека е огранок на Курдистанската работничка партија (ПКК). Изворот предупредил дека Анкара нема да се согласи на продолжување на определениот рок.

Како одговор на турските барања, според изворот, САД предложиле да се реструктуираат Сириските демократски сили, давајќи им на арапските сили поголема улога во администрацијата на трите града посочени од турските власти.

Но, Анкара вели дека контролата на групата на нафтените инсталации мора да биде прекината пред да се разговара за какви било предлози на САД.

Руската страна исто така поставила свои барања по однос Украина и ги поврзала со отстапки во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот