Тун ја комплетираше бајката во Швајцарија, Растодер се израдува на шампионска титула
Историски успех за Тун, кој за првпат во своето 128-годишно постоење ја освои шампионската титула во Швајцарија и тоа само една сезона по враќањето во елитата од Втората лига.
Препорачано
Иако Тун загуби од Базел со 1-3, решавачкиот чекор го направи Сион, кој како гостин славеше против Сент Гален со 3-0. Со тоа, на три кола до крајот, Тун создаде недостижни 11 бода предност и официјално ја завери титулата, испишувајќи нова страница во клупската историја.
Клубот од град со околу 40 илјади жители стигна до својот прв трофеј, иако во минатото веќе имаше настап во Лига на шампиони. Во сезоната 2005/06, како второпласиран тим во домашното првенство, преку Динамо Киев и Малме избори пласман во групната фаза, каде се натпреваруваше со Арсенал, Спарта Прага и Ајакс.
Две децении подоцна, Тун повторно ќе игра во елитното европско натпреварување, овојпат како шампион, стартувајќи од второто квалификациско коло, како потенцијално незгоден ривал за сите противници.
Дел од шампионската приказна е и македонскиот репрезентативец Елмин Растодер, кој пристигна во клубот од Грасхоперс. По минатогодишниот придонес за пласман во елитата, оваа сезона блесна со 13 голови, со што беше најдобар стрелец на тимот и четврти на листата во лигата.


