Трстена: Павлов може до медал во Минск! - Слободен печат
ОстанатoСпорт

Трстена: Павлов може до медал во Минск!

Според најавите македонскиот каратист Емил Павлов в недела (30 јуни) ќе го има својот настап на Европските игри во Минск.

Емил ќе настапи во категорија – 60 кг во група со актуелниот шампион од претходните Европски игри Ферзалиев од Азербејџан, светскиот шампион Италијанецот Креченцо и домашниот натпреварувач, Белорусинот Булатау.

Претходно Павлов говореше ексклузивно за „Слободен печат“ дека имаше одлични подготовки пред новиот голем меѓународен предизвик.

Славниот олимписки шампион во борење, Шабан Трстена на својот Фејсбук профил објави дека Павлов е единствената надеж за освојување на медал од игрите во Белорусија.

– Напред шампионе! Ти си нашата единствена надеж на Европските игри во Минск – Белирусија да освоиш медал. Веруваме во тебе, зашто ти знаеш кога е најтешко да го дадеш максимумот и нема да ти е прв пат да ја израдуваш нашата земја Македонија – вели Трстена.

Принтскрин/facebook.com/shaban.trstena

Според пропозициите, најдобрите двајца од групата обезбедуваат пласман во полуфиналето, каде што ќе вкрстуваат со најдобрите двајца од втората група. Борбите во категоријата – 60 кг ќе се одржат в недела со почеток од 09.30 часот.

Павлов е единствен македонски спортист кој настапува по вторпат на Европските игри со остварена норма, благодарение на бронзениот медал на ЕП во Гвадалахара, Шпанија кон крајот на март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close