Тројца прегазени пешаци во текот на вчерашниот ден во Скопје, едниот возач побегнал

Вчера во Скопје биле прегазени тројца пешаци, а едниот од возачите побегнал од местото на несреќата.

Како што јави МВР, меѓу повредените има и 14-годишно девојче кое било прегазено со автомобил на  булеварот „Партизански одреди“.

Дезвојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено на Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а возачот побегнал од местото на несреќата.

До втората несреќа дошло вчера на улицата „Димитрие Чуповски“, кога 28-годишно лице удрило во пешакот М.А.(72) од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди.

Последната несреќа во која настрада пешак во Скопје, се случила вчера на булеварот „АСНОМ“, пришто автомобил управуван од 22-годишен скопјанец, удрил во 82-годишен пешак. Во незгодата со тешки телесни повреди повреди се здобил пешакот и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот