За плакатот е употребена слика на Сергеј Андреевски, а дизајнот е на Небојша Спасиќ

Тројца врвни и неповторливи музичари од Балканот ќе настапат со Националниот џез-оркестар

Националниот џез-оркестар заедно со Дарко Рундек, Рамбо Амадеус и Влатко Стефановски на 8 декември, во 20 часот, во салата на Македонската филхармонија ќе одржи концерт со наслов „Рокенрол во џезот“ под диригентската палка на Џијан Емин.

На новиот концерт на Националниот џез-оркестар, со кој ќе ја завршат програмата со меѓународни соработки за оваа година, на сцената ќе им се придружат три познати музички личности: неповторливиот гитарист Влатко Стефановски, легендарниот Дарко Рундек и авангардниот Рамбо Амадеус.

Концертот на Националниот џез-оркестар со познатите музички гости ќе биде вистинско музичко патување, полно со страст, енергија и креативност.

За плакатот за концертот е употребена слика на Сергеј Андреевски, а дизајнот е на Небојша Спасиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот