Трикови за одзатнување на синусите, ви треба само една минута

Фото: Профимедиа

Затнатите синуси можат да го отежнат секојдневието и да создадат проблеми како што се отежнато дишење, главоболки, па дури и проблеми со послаб слух.

Алергиите исто така можат да бидат причина за затнати синуси, но без оглед на причината, синуситисот во секој случај претставува проблем. Олеснителна вест е дека за луѓето што страдаат од затнати синуси, постојат едноставни и брзи начини на кои можат да си помогнат, и тоа без лекови.

Американските киропрактичари смислиле два начина за одзатнување на синусите за кои ќе ви треба помалку од една минута, а можете да ги испробате веднаш.

1. Испружете ги палците и истовремено додека ја отворате устата, со палците притиснете ја внатрешноста на ушите. Ослободете го притисокот на ушите истовремено затворајќи ја устата. Ќе слушнете мало крцкање во ушите. Направете десет брзи повторувања.

2. Затнете го носот со прстите, полека вдишете па издишете, држејќи ја устата затворена, при што образите ќе ви се надујат. Направете три повторувања, но притоа внимавајте да не дувате премногу силно.

Почекајте неколку минути, после што треба да почувствувате дека синусите ви се прочистуваат.
И луѓето со хронични проблеми со синусите потврдиле дека овие совети помагаат. Тие се особено корисни ако не сакате да користите лекови, ако сте повеќе склони кон природни третмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот