Трикот на Фројд: Ако некој се обидува да ве понижи, кажете му го само овој збор

Зигмунд Фројд сметал дека е доволно на злобната личност којашто сака да ве повреди да ѝ го кажете само овој збор, и тоа на мирен начин.
Фројд секако знаел да ги препознае лошите луѓе, сепак, тоа не му помогнало самиот да најде среќа во бракот. Сепак, неговиот совет за тоа како да постапите со завидливите и злобни луѓе мора да го усвоите.
Луѓето се емотивни суштества и често критиките, осудите или навредите од другите луѓе можат да нè доведат до очајување, непријатност и да ни ја урнат самодовербата. Конструктивната критика од блиска личност на која ѝ верувате треба да ја прифатите, но навредите во комуникацијата можат да бидат отровни стрели. Личноста која ве навредува имаат само една мисија, да ве повреди.
Фројд велел: „Силна личност никогаш не го презема товарот на туѓите изјави“. Како всушност да се справите со навредите и лошото однесување?
Не влегувајте во конфликт, туку кажете „да“ на која било негативна претпоставка, и тоа со мирен израз на лицето. Моќта на мирното „да“ е во состојба да го раствори секој психолошки притисок, бидејќи едноставно ја лишувате личноста од можноста да ве навреди со нешто и не се браните, докажувајќи го спротивното, туку едноставно го обезвреднувате секој нејзин напад, лишуваји ја целта на непријателот.
Покрај магичното „да“, за да се заштитите од навредите, важно е да развиeте самопочит. Не дозволувајте вашиот мир да зависи од надворешни процени. Здравата самопочит е проценка на самиот себе, а мислењето за себе е вредносен суд, често површен и кој не тежнее кон најдобри цели, но мисијата може да биде омаловажување, претставување во поповолно светло од другата личност и навреди.
Фројд рекол: „Доколку сите луѓе се оценуваа само самите себе и не се занимаваа со вреднувањето на другите, грубоста би изумрела како феномен“.
Покрај овие, единствениот вистински начин да се заштитите од луѓе кои имаат тенденција да навредуваат е целосно да се дистанцирате од нив. Почитувајте се – не дозволувајте токсичните луѓе да ви ја крадат енергијата. Опкружете се со позитивни луѓе кои ве сакаат, почитуваат и поддржуваат, затоа што вие тоа и го заслужувате!