Трик на една мајка по кој плочките во бањата ќе ви блескаат

Една мајка стана светски позната откако сподели совет на една популарна Фејсбук група под името „Мајки кои чистат“.  Мајката споделила фотографии пред и по чистењето на плочките во бањата со средството за чистење по нејзин рецепт. Плочките буквално блескале.

Фотографија од Фејсбук групата „Мајки кои чистат“

– Мајки, открив како да се реши проблемот што не мачи сите. Потребни се само неколку минути и малку напор. Не можам да им верувам на моите очи – напишала таа на групата откако ја споделила фотографијата пред чистењето на плочките во бањата и по чистењето.

Нејзиниот таен рецепт се состои од мешавина на сода бикарбона и белило. Иако не е опасно да се мешаат овие два производи, белилото никогаш не треба да се комбинира со други хемикалии од здравствени причини.

– Ги мешав двете состојки подолго додека не добив идеално изедначена смеса. Јас ја нанесов смесата на проблематичните области и користев стара четка за заби. Никаде не триев предолго, бигорот падна со лесни движења – објаснува таа.

Секако, оваа смеса не е препорачлива да ја применувате без соодветна заштита на рацете и дишните патишта. Испарувањето и комбинацијата на овие хемикалии може да предизвика здравствени проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот