Тригодишно момче од Англија ја спасило неговата повредена мајка јавувајќи се на брза помош
Тригодишното момче кое повикало брза помош откако неговата мајка била повредена, научило да бира 999 од цртаните филмови на Јутуб, рече таа за Би-Би-Си.
Препорачано
Кејли Бофи изјави дека е „повеќе од горда“ на својот син Томи откако паднала по скалите во нивниот дом во Роули Реџис, во Вест Мидлендс.
„Се чувствувам многу среќна и благословена што имам мало момче кое ги слушнал советите од цртаните филмови за јавување на 999“, рече таа.
Службениците и брзата помош пристигнале на помош за 10 минути, откако младото момче им објаснило за нивната локација.
Потсетувајќи се на инцидентот, г-ѓа Бофи изјави дека тоа е „сè уште не и е јасно“.
„Се качив на катот за да му земам облека и следната минута што знам откако излегов од спалната соба беше дека бев на дното од скалите и зборував со полицијата“ вели таа.
Таа вели дека е изненадена што нејзиниот син изреагирал јавувајќи се на 999.
Г-ѓа Бофи се надева дека со објавувањето на повикот на Томи, 999 ќе поттикне повеќе родители да ги научат своите деца што да прават во итен случај.
Таа додаде дека цртаните филмови се добар начин да се поучат малите деца како да се јават на 999.


