ВИДЕО: Триесетина приведени ноќеска во кафулиња во Кочани

Фото: Драган Петрушевиќ/Google Maps

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи, заедно со припадници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, ноќеска извршија засилена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Кочани по однос на прекршувања на законските одредби од повеќе закони – Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и други нормативи во ингеренции на овие институции.

Како резултат на тие активности, меѓу другото, откриени се 39 лица кои биле во угостителските објекти без поседување на ковид-сертификат, а кај две лица откриени се лажни ковид-сертификати. Затекнати се и 26 малолетници по полноќ, евидентирани се прекршоци по основ на Законот за пушење, а во еден случај и согласно Законот за оружје, бидејќи кај едно малолетно лице бил пронајден нож, велат од полицијата.

Воедно, три угостителски објекти се затворени, односно запечатени од страна на ДПИ, поради евидентирани три кривични дела – две по член 378 („фалсификување исправа“) и едно по член 204 („точење алкохол на малолетно лице“), а регистрирани се и 36 прекршоци по разни основи од доменот на работа на ДПИ, ДТИ и УЈП.Исто така, од страна на полициските службници евидентирани се 39 прекршоци по основ на ЗЗНЗБ, 43 прекршоци по основ на ЗППЈРМ, три по основ на Закон за лична карта, како и 23 прекршоци по однос на ЗБСП, додека пак, 31 лице е приведенo.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот