Три начини на кои го саботираме сопствениот љубовен живот

Три начини на кои го саботираме сопствениот љубовен живот Дали понекогаш сте се запрашале зошто не ви оди во љубовта и каде грешите?

Сигурно многупати од пријателките сте ја слушнале реченицата: „Едноставно сите добри момчиња се зафатени!“ Она за што тие или вие самите размислувате е фактот дека жените за себе многу често избираат исклучиво погрешни момчиња.

Со овие потези сами себе се саботирате во пронаоѓањето на љубовта. Ја искривувате реалноста Ако момчето вели дека не сака да се врзува или дека не е подготвен за сериозна врска, верувајте му. Немојте тоа да го разберете како предизвик во кој тој се заљубува во вас и ве гледа како делче кое недостасува во неговата сложувалка за среќа.

Ако вие сакате врска со момче кое изјавува дека не сака да се врзува, нема што да очекувате од него. Го прифаќате неприфатливото однесување Ве навредува, ве игнорира и ве омаловажува, а вие и понатаму го оправдувате? Дали ви е јасно дека тука нешто не е во ред? Ако себеси се сметате за личност што заслужува љубов, ќе побегнете од таквата личност без оглед на сè.

Прифаќате помалку отколку што заслужувате Ако сте свесни дека не сте потполно задоволни со врската во која се наоѓате, но тоа го оправдувате со реченицата да „може и полошо“, сами си стоите на патот на својата среќа. Можеби момчето кое не ве усреќува вас е сродна душа на некоја друга жена, а друго момче кое не усреќува друга жена е вашата среќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот