Треска ги „стресе“ градоначалниците: Шилегов за Коце – опозицијата ја користи секоја можност за да ме обвини!

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ги отфрла обвинувањата од неговиот претходник Коце Трајановски за лажно ветување на предизборната кампања на минатите локални избори.

Имено, тој ветуваше ревитализација на СРЦ „Треска“ за сега да се правда дека комплексот е под ингеренции на Општина Сарај. На обвинувањето дека тој тоа го знаел уште пред да се кандидира за градоначалник, Шилегов вели дека најавувал ревитализација на езерото но со јавно приватно партнерство.

– Јас цело време кога зборував дека комплексот ќе го ревитализираме со јавно приватно партнерство. Никогаш не сум рекол дека Градот сам ќе го работи тој проект. Јасно ми е дека опозицијата ја користи секоја можност за мене да ме обвини, категоричен е Шилегов.

Сепак, смета дека општина Сарај мора што побрзо да го претстави пред јавноста Деталниот урбанистички план за да нема шпекулации дека на локацијата ќе се градат објекти наменети за друга дејност, а не за туризам.

– Не е добро што на јавноста и се претставува како таму да се руши езерото и камп приколките. Тоа не е точно. Се рушат само дотраените помошни објекти, на чие место ќе се изградат нови, објаснува Шилегов.

Трајановски: Жал ми е што не успеав во мое време да го вратам животот на езерото Треска

ЈКП Сарај: Не е точно дека некој краде опрема од езерото Треска

Блерим Беџети: Не е вистина дека на местото на езерце Треска ќе се гради болница или трговски центар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот