ЈКП Сарај: Не е точно дека некој краде опрема од езерото Треска

Директорот на ЈКП Сарај тврди дека се невистинити информациите кои кружат во дел од медиумите за кражба на канделабри и друга урбана опрема од објектот на некогашниот спортски центар „Треска“.

– Таму се чисти езерото, ангажирана е фирма, не станува збор за никаква кражба. Ангажирани се работници од нашето претпријатие, како и од фирма, со цел што побрзо да завршиме со расчистување на теренот. Комбето од фотографиите кои се појавија на некои портали, кое наводно товари украдени канделабри, е всушност наше, на општинското комунално претпријатие. Ги уверувам граѓаните дека никој ништо нема да украде. Што се однесува до приколките, ако сопствениците не ги дислоцират до 23 февруари, до кога е рокот за дислокација, Општина Сарај ќе ги премести, но на трошок на сопствениците на приколките – рече Сабахудин Рустеми директор на ЈКП Сарај.

Блерим Беџети: Не е вистина дека на местото на езерце Треска ќе се гради болница или трговски центар

ФОТО+ВИДЕО | Како се градеше езерото Треска: Дали некогаш ќе го врати стариот сјај?

Трајановски: Жал ми е што не успеав во мое време да го вратам животот на езерото Треска

Скопјанецот Игор со емотивно сеќавање за едни убави времиња: „Треска“ е дел од моето детство, жалосно е што се руши

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот