Тренер на олимписка шампионка доживотно суспендиран, поради несоодветно сексуално однесување

EPA/SRDJAN SUKI

Тони Миничиело, кој ја однесе атлетичарката Џесика Енис-Хил до злато на ЛОИ во Лондон 2012, бил виновен за малтретирање и „несоодветно и несакано ги допирал спортистите“

Атлетскиот стручњак Тони Миничиело, кој е тренер што ја водеше Британката Џесика Енис-Хил до златен медал во седмобој на Олимписките игри во Лондон 2012 година, е казнет со доживотна забрана на активности во овој спорт, откако атлетската комисија на Британија утврди дека тој имал несоодветно сексуално однесување.

Миничиело правел „несоодветни сексуални забелешки“, не го почитувал правото на приватен живот на спортистите, бил виновен за малтретирање и „несоодветно и несакано ги допирал спортистите“, откри комисијата.

Меѓу обвиненијата што комисијата ги утврди докажани се допирање на градите на две спортистки, гестикулации на симулирање сексуален акт во однос на други три спортистки и други злоупотреби од слична природа.

Обвинението за емоционално малтретирање беше потврдено затоа што Миничиело и наредил на спортистка да седи во аголот со конус на главата како капа.

Миничиело стана познат како тренер на Енис-Хил, која беше една од ѕвездите на Лондон 2012 со освојувањето на златото во седмобој. Со Миничиело како тренер, таа освои и сребрен медал на ЛОИ во Рио 2016 година и три светски титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот