Трамп: Во животот не сум се чувствувал попонижен

Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вели дека поради катастрофата која се случила во Авганистан, неговиот наследник Џо Бајден ги понижил САД како никој досега, пренесува Блумберг.

„Ова е ужасно време за нашата земја. Мислам дека сите овие години нашата земја не била волку понижена. Не знам како да го наречам ова, дали како воен пораз или психилошки пораз“ изјави синоќа Доналд Трамп.

Трамп ја спореди оваа состојба со иранската заложничка криза во 1979-та година и запраша дали актуелната администрација на САД со своите одлуки ќе придонесат потежок развој на настаните, бидејќи талибанците со своите пунктови се присутни на аеродромот во Кабул, а таму имало и голем број случаи за разни насилства врз Авганистанците.

Тој изјави дека сцените каде беа забележани Авганистанци како висат од воените авиони на САД, претставуваат поголемо понижување отколку евакуацијата на американската амбасада во Сајгон во 1975-та година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот