ВИДЕО | Ужас во Авганистан: Се врзуваат за авиони за да побегнат, има и загинати

Аеродром во Кабул, Авганистан. / Фото: Твитер

Последното и веројатно единствено место во Кабул каде што луѓето бараат спас од талибанците е тамошниот аеродром, од каде денеска заминуваат последните авиони со американска војска и западни дипломати.

Комерцијални летови речиси и нема, а и на тие што ги има нема места и билетите се ужасно скапи.

На видео снимките од Кабул се гледа како стотици лица трчаат на пистата и се качуваат на еден воен авион.

Авионот, и покрај многуте луѓе на пистата, полета. На следното видео се гледа како еден човек кој успеал да се задржи за авионот додека полетувал, паѓа од голема височина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот