Трамп тврди дека за еден ден може да ја заврши војната, но ако Путин не се согласи, тогаш ќе се фокусира на Украинците

Трамп / ЕПА

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ го објасни својот план за постигнување мир во Украина во рок од 24 часа по враќањето на Белата куќа.

Трамп објасни дека ќе му препорача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да склучи договор.

Тој нагласи дека има добри односи со Зеленски, но и со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека актуелниот претседател Џо Бајден не е способен да се справува со светските лидери.

-Ова се паметни луѓе, вклучувајќи го и Макрон од Франција. Би можел да разгледам цела листа на луѓе, вклучувајќи го и Путин. … Овие луѓе се остри, тешки и генерално пакосни. Тие се злобни и се на врвот на нивната игра. Имаме човек кој нема поим што се случува. Ова е најопасното време во историјата на нашата земја, рече поранешниот американски претседател.

Водителката побара Трамп детално да го објасни својот план за завршување на војната во рок од 24 часа.

-Го познавам Зеленски многу добро, и го познавам Путин многу добро, уште подобро. И со двајцата имав добри односи, многу добри. Би му рекол на Зеленски: „Доста е. Мора да се договорите“. Јас би му рекол на Путин: „Ако не склучите договор, ќе му дадеме многу. Ќе и дадеме (на Украина) повеќе отколку што било кога тие добиле, доколку мораме. Договорот ќе го склучам за еден ден. Еден ден, одговори Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот