Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека три нуклеарни локалитети во Иран се целосно уништени и дека обновата на овие локалитети ќе трае со години.
Препорачано
-Сите три нуклеарни локалитети во Иран се целосно уништени и/или збришани. Ќе бидат потребни години за да се вратат во функција и, ако Иран сака, би било многу подобро за нив да почнат одново, на три различни локалитети, пред да бидат уништени и тие локалитети, ако одлучат да го сторат тоа, рече Трамп на својата мрежа Truth Social.
Трамп постојано тврди дека дека три клучни ирански нуклеарни локалитети биле целосно уништени во нападот на САД во јуни наспроти американските разузнавачки извори кои велат дека само една од трите целни локалитети, Фордоу, претрпела сериозна штета. Според Ен-Би-Си Њуз, нападите погодиле површински објекти, додека подземните објекти, како што се центрифуги и објекти за складирање збогатен ураниум, претрпеле минимална штета или биле преместени пред нападот.
Трамп ги отфрли извештаите како „лажни вести“ и ги обвини медиумите дека го потценуваат успехот на нападот.


