Трамп реагираше за смрта на Коби: Ова е ужасна вест

Фото: ЕПА

Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагираше на смрта на НБА ѕвездата Коби Брајант. Тој веста за смрта на Брајант во хеликоптерска несреќа ја нарече ужасна.

– Извештаите се дека неверојатниот кошаркар Коби Брајант и тројца други починаа по хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Ова е ужасна вест-, напиша Трамп.

Освен Брајант, порталот „TMZ“ објави, а телевизијата ABC потврди дека во хеликоптерот била и неговата најстара ќерка, Џиџи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот