Трамп: Ќе го добиеме Гренланд на еден или друг начин
Американскиот претседател објави дека вооружените сили на неговата земја уапсиле „врвен терорист“ одговорен за самоубиствениот бомбашки напад во Кабул во кој загинаа 13 војници за време на американското повлекување од Авганистан во 2021 година, а не елаборираше за неговите планови за Газа и Блискиот Исток. Тој се задоволи со пофалби за Договорот на Абрахам, опишувајќи дека има план за поширокиот регион, без да сака да навлегува во повеќе детали.
Препорачано
Трамп, исто така, увери дека САД ќе го придобијат Гренланд „на овој или на оној начин“, велејќи дека работи со „сите заинтересирани страни“ за да „го оствари тоа“.
„Навистина ни треба за меѓународна безбедност и мислам дека ќе го добиеме. Вака или онака, ќе го добиеме. Ќе ви ја гарантираме безбедноста, ќе ве збогатиме и заедно ќе го водиме Гренланд до височини што не сте ги замислиле“, рече тој, обраќајќи им се на жителите на автономна област од Данска.
Тој, исто така, повтори дека САД ќе го „вратат“ Панамскиот канал, по најавата дека две пристаништа во сопственост на гигант од Хонг Конг, компанијата Хачинсон, се продадени на конзорциум предводен од САД.
-За дополнително зајакнување на нашата национална безбедност, мојата администрација ќе го врати Панамскиот канал, а ние веќе почнавме да го правиме тоа – рече американскиот претседател, очигледно мислејќи на договорот, кој беше објавен во вторникот.
Реакција од премиерот на Гренланд
Премиерот на Гренланд, Муте Егкенде даде свој одговор на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, појаснувајќи дека „Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“.
-Ние не сме Американци, не сме Данци, затоа што сме Гренланѓани. Ова е она што Американците и нивните лидери треба да го разберат -нагласи тој во објавата на Фејсбук.
-Тоа е она што Американците и нивните лидери треба да го разберат. Ние не сме на продажба и не може само да нè земат – додаде тој.
Гренландскиот премиер инсистираше на тоа дека „иднината на земјата ќе ја одредиме ние во нашата земја, се разбира“.
Во Гренланд ќе се одржат општи избори следната недела, на 11 март.


