Трамп и Салман го потврдија „одбранбеното партнерство”

Претседателот на САД, Доналд Трамп и саудискиот крал Салман, во телефонски разговор го потврдија „силното американско-саудиско партнерство во одбраната”, соопшти Белата куќа.

Телефонскиот разговор меѓу Трамп и кралот Салман следеше еден ден откако по извештаите дека САД планира да повлече два противракетни системи „Патриот” од Саудиска Арабија, поставени за одбрана против Иран.

„Претседателот Трамп и кралот Салман се согласија за важноста на стабилноста на глобалните нафтени пазари и го потврдија силното американско-саудиско партнерство во одбраната”, рече портпаролот на Белата куќа.

Тој изјави дека Трамп и Салман разговарале и за други клучни регионални и билатерални прашања, но не го спомнал прашањето за системите „Патриот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот