Трамп и Путин ќе се сретнат во Осака: За што ќе разговараат двајцата лидери?

фото:. EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Доналд Трамп ќе имаат едночасновна средба на маргините на Самитот Г20, на 28 јуни во јапонскиот град Осака, соопшти денеска советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Тој истакна дека двајцата претседатели се очекува да разговараат за прашања од регионалната стабилност, вклучувајќи ги Сирија, Венецуела и Иран.

Ушаков информира дека Путин на 29 јуни во Осака ќе има средба и со германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Прес службата на Елисејската палата соопшти дека францускиот претседател Емануел макрон планира средба со Путин на маргините на Самитот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот