ТРАГЕДИЈА: Загинаа две лица при уривање на холандски воен хеликоптер

Фото: EPA

Спасувачки бродови се обидуваат да ги пронајдат остатоците од хеликоптерот и црната кутија.

Загинаа двелица при уривање на холандски воен хеликоптер во Карипско Море, во близина на Аруба, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана.

Хеликоптер NH90 се урна шри крајот на редовното патролирање, а Министерството соопшти дека се истражува причината за падот на леталото.

Загинале пилотот и тактичкиот координатор, а другите двајца членови на екипажот преживеале без посериозни повреди.

Спасувачки бродови се обидуваат да ги пронајдат остатоците од хеликоптерот и црната кутија.

Сите хеликоптери од овој тип се повлечени од употреба додека трае истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот