Трагедија: Комбе на фудбалски тим кренато во воздух од бомба, четворица фудбалери изгореле по експлозијата

принтскрн/Twitter/@mnoor_daudi

Страшна трагедија се случи во Сомалија кога комбе кои пренесувало фудбалски тим било кренато во воздух од бомба. Светските медиуми пишуваат дека станува збор за тимот Јубаланд од градот Кисмајо кој се наоѓа 500 километри јужно од главниот град Могадиш.

Според медиумите има две верзии за трагичниот настан, првата е дека комбето налетало на бомба која била ставена на патот и која била активирана од далечина, а втората е дека на нив налетал бомбаш самоубиец.

Епилогот од терористичкиот чин е четворица загинати фудбалери кои според наводите на медиумите, изгореле во комбето, додека останатите фудбалери се тешко повредени.

Наводно фудбалерите оделе за да учествуваат на локален турнир кој требало да се одржи, а бомбашкиот напад се поврзува со изборот на четворица нови сенатори во градот Кисмајо и милитантната група Ал Шабаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот