Трагедија кај Мрзенци: Во судар на два мотоцикли загинаа двајца млади

Фото: Архива на Слободен печат

Телата на починатите се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Попладнево во 13:20 часот во близина на гевгелиското село Мрзенци,на автопатот А1, се случила тешка сообраќајна незгода помеѓу два мотоцикли кои се движеле во правец од Смоквица кон Гевгелија.

Во несреќата животот го изгубиле Ј.Ј. (22) од струмичкото село Добрејци и А.Ѓ.(35) од струмичкото село Робово, соопштија од СВР Струмица.

Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот