Трагедија, боксер почина  откако беше нокаутиран во ринг – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Трагедија, боксер почина  откако беше нокаутиран во ринг

Рускиот боксер Максим Дадашев падна во кома како последица од нокаутот и повеќе не се разбуди.

Максим Дадашев, рускиот боксер почина во болница како резултат на тешките повреди на мозокот здобиени од дуелот со Субриел Матијас.

Бокс мечот се одржа минатиот петок, а во 11. рунда тренерот Бади Мекгирт фрли крпа во рингот за да ги прекине жестоките удари кои ги трпеше Дадашев и да спречи потешки повреди и последици. За жал, неговата рекација дојде прекасно.

Рускиот боксер веднаш по прогласувањето на победникот, при излегувањето од рингот падна. Медицинскиот тим веднаш реагира и го пренесе во болница каде беше утврдено дека има крвавање на десната страна на мозокот и има хематом поради што беше итно опериран.

Меѓутоа повредите кои ги претрпе за време на бокс мечот беа големи поради што Дадашев беше ставен во вештачка кома од која повеќе не се разбуди.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close