Традицијата вели дека Шкендија ќе игра во плеј-офот на ЛЕ! (ВИДЕО)

фото: ФК Шкендија

Вечерва од 20.00 часот тетовските „црвено-црни“ ќе имаат голем предизвик, на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречекаат премиерлигашкиот гигант Тотенхем.

Шкендија како што вели традицијата би требало да се најде во плеј-офот како последна пречка за пласман во групите на Лига Европа.

Иако играчите предводени од Ернест Ѓока се доволни свесни дека пред себе го имаат еден од најактрактивните европски и светски клубови на менаџерот Жозе Мурињо.

Кога е во прашање третото квалификациско коло на Лига Европа, Шкендија на крајот севкупно била подобра од ривалите.

Во сезоната 2016/2017 македонскиот претставник ја елиминираше чешката екипа на Млада Болеслав, а во сезоната 2017/2018 нашата екипа беше подобра од литванскиот Тракаи.

Доколку Шкендија вечерва го елиминира фаворитот на хартија, Тотенхем, во плеј-офот на ЛЕ ќе игра со подобриот од пресметката Ростов (Русија)-Макаби Хаифа (Израел).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот