Вистински европски тест за Шкендија,  тетовските „црвено-црни“ сонуваат сензација против Тотенхем

фото: ФК Шкендија

Екипата на Шкендија вечерва од 20. часот на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе игра против едната од најголемите екипи во светот на фудбалот, Тотенхем во рамките на третото квалификациско коло за пласман во Лигата на Европа.

Единствениот преостанат македонски претставник во евро-куповите ова лето, имаше два успешни настапи во првите две кола во квалификациите против Сумгајит (2:0) и Ботошани (2:0) и успеа да си обезбеди пресметка со англискиот великан кој не блескаше во претходната рунда и со пресврт го победи Локомотив Пловдив (1:2)

Тотенхем сигурно е второто најзвучно име со кое Шкендија играла во европските квалификации откако пред две години во плеј-офот за пласман во Лигата на Европа играше против седумкратниот европски шампион Милан.

Жозе Мурињо на клупата, Хари Кејн, Хјонг-Мин Сон, Деле Али, Уго Лорис… се имиња кои влеваат респект кај сите фудбалски фанови, а вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе претставуваат дополнителна мотивација за тетовските „црвено-црни“ иако во натпреварот влегуваат како голем аутсајдер.
Играчите на Шкендија се свесни дека се аутсајдери, но ветуваат борба до последниот свиреж на судијата.

– Сите сме подготвени да дадеме максимум. Тотенхем е голем фаворит, но ние нема да излеземе на терен со бело знаме. Во фудбалот се случуваат изненадувања, а ние ќе дадеме се од себе да дојдеме до тоа. Свесен сум дека Тотенхем има многу добри фудбалери кои секоја недела играат против многу подобри тимови од нас. Сум играл многу силни натпревари со Македонија и Шкендија изминативе години. Имам добри натпревари против одлични фудбалери како Левандовски и Арнаутовиќ. Вистина е дека досега Кејн сум го видел само на телевизија, но нивниот квалитет нема да не спречи да дадеме максимумот – вели капитенот на Шкендија, Егзон Бејтулаи.

За Бејтулаи дуелот со Тотенхем не е „невозможна мисија“! (ВИДЕО)

Доколку вечерва Шкендија направи сензација и го победи Тотенхем, во плеј-оф рундата за влез во групната фаза во Лигата на Европа ќе игра со подобриот од дуелот Ростов-Макаби Хаифа.

Ѓока: Мотивиран што ќе се соочам против еден од најдобрите тренери во светот!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот