ТОП 30 ВО КИНА, ТОП 10 ВО КАМБОЏА: Убавата Анѓела Јакимовска амбасадор на македонската убавина низ светот (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Откако на изборот во Кина пред околу еден месец успеа да обезбеди влез во топ 30 на престижниот – „Miss Model of the World“, манекенката Анѓела Јакимовска вчера во Камбоџа влеазе во топ 10 најубави девојки на изборот.

Преубавата манекенка која ги бранеше боите на Македонија на изборот „Miss Tourism Metropolitan International“’ кој се одржа во далечната Камбоџа, од вкупно 40 учеснички, обезбеди пласман во топ 10 најубави девојки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angela Jakimovska (@angelajakimovska1) on

Убавата Јакимовска која се уште се наоѓа во Камбоџа за „Слободен печат“ изјави дека многу и значат овие признанија.

– Ќе излажам ако кажам дека не ми значат признанијата, особено што ова се натпревари од светски рамки. Сепак, не е мала работа двапати да влеземе во финале. Прво беше во Кина пред еден месец каде влегов во топ 30 и сега Камбоџа во топ 10. Пресреќна сум – ни изјави манекенката.

Погледнете го моментот од прогласувањето на нашата манекенка:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angela Jakimovska (@angelajakimovska1) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот