Топ 10 трендови на суперхрана за 2020

Какви трендови на суперхрана имаме во тековнава година?

На почетокот на секоја година се прават нутриционистички листи со супер-здрави намирници кои ќе бидат „ѕвезди“ во тековната година. Некои од намирниците кои се сметале за суперхрана во изминатите години, го губат приматот пред супер-намирниците лансирани на актулните трендовски листи. Студијата која штотуку ја објави „Uber Eats“ е јасна: корејското кимчи, јапонската мача, чиа, тофу, сосот од срирача и куркумата сега се подолу на листата за суперхрана за 2020 година, додека нивното место го заземаа некои други супер-намирници.

На првото место е лененото семе. Второто место му припаѓа на маслото од семе од коноп, а третото на чајот од комбуха.

Меѓу топ 10 намирници на листата се најдоа и лукот (4.то место), печурката лисичарка (5.место), какаото (6.место), пуканките (7.место), тиквата (8.место), џекфрут или нангка (9.место) и индонезиското темпе (10.место).

Да ги разгледаме заедно вредностите на првите три супер-намирници за 2020.

Лен

Семето од лен содржи многу минерали (фосфор, бакар и магнезиум), протеини (околу 20%) и липиди (40%). Преку лененото семе може да се снабдиме во голема количина со Омега 3 и Омега 6, кои го одржуваат правилното функционирање на имунолошкиот систем, го намалуваат крвниот притисок и ги контролираат триглицеридите во крвта. За да не изгуби ниту едно од овие својства, лененото семе треба да се конзумира сирово: затоа користете го за да ги збогатите салатите и супите. Не заборавајте дека лененото семе може да се користи и во кујната како врзивно средство, наместо јајце, во бројни вегански рецепти.

Масло од коноп

Има бројни терапевтски доблести. Содржи многу витамини (А, Е, Б1, Б2, Ц), минерали (железо, калциум, магнезиум, калиум и фосфор) и оптимална рамнотежа меѓу Омега 3 и Омега 6. Заедно со рибиното масло е еден од ретките снабдувачи на организмот со алфа-линолеинска киселина која делува како вазопротективен и анти-тромботичен лек. Најдобро е да се користи сирово масло од коноп за да не се променат неговите својства. Во козметичка цел пак, маслото од коноп е корисно за обновување на кожата и спречува на сувост и појава на дамки.

Чај од комбуха

Тоа е ферментиран пијалок со ориентално потекло. Во Кина се смета за еликсир за долг живот, додека во Русија се користи против тегоби во стомакот и за подобро варење на храната. Ферментацијата го прави чајот богат со пријателски бактерии со антиоксидантни својства, полифеноли и витамини Б. Затоа, чајот од комбуха помага да се прочистат црниот дроб и крвта и да се зајакне имунолошкиот систем, но исто така, тој е одличен и за цревата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот