Тони Надал знае зошто не го сакаат Ѓоковиќ како Рафа и Федерер

Годинава Новак Ѓоковиќ го собори рекордот по број на недели на врвот на АТП листата/Фото: EPA/BARBARA WALTON

Годинава, Србинот го собори рекордот по број на недели на врвот на АТП листата, а заедно со Шпанецот и Швајцарецот, тој е на врвот на вечната листа по бројот на освоени грен слем турнири.

Но, често се зборува дека фановите не го поддржуваат толку Србинот колку неговите најголеми ривали.

Шпанскиот стручњак Тони Надал има свој одговор на прашањето зошто најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не го сакаат толку како Рафаел Надал и Рожер Федерер.

– Тој беше под влијание на фактот дека се појави кога веќе имаше големо ривалство помеѓу Рожер и Рафа. Тие двајца претставуваа два спротивни стила, две различни патеки и тоа е она што ги привлече луѓето.

Исто така, Новак го „изневери“ своето его во одредени моменти, кога покажа однесување на теренот кое не личи на број еден – објасни Тони Надал, инаку вујко и поранешен тренер на Рафа Надал.

Ѓоковиќ е вакциниран и ќе игра на Австралија Опен?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот