Тони Надал: Поинтересно е да се гледа пинг понг отколку тенис

Тони Надал и Рафаел НадалEPA/JUANJO MARTIN

Тони Надал  до пред две години му беше тренер на својот внук, а сега раководи со тениската академија на Рафаел Надал во Мајорка. Сепак, иако е надвор од актуелните тениски возбудувања, Тони ги следи настапите на најдобрите тенисери и упати серија критики за тоа каде оди модерниот тенис.

– Тенисот станува многу брз, морате да ја удирате топката порано и посилно. Поради тоа поинтересно ми е да гледам пинг понг. Публиката не се жали иако не гледа ништо, а исто така не внимаваат на деталите. Го обожувам стилот на Федерер, Надал, Ѓоковиќ и на Ришар Гаске, бидејќи тие трчаат, се бранат и напаѓаат, додека поголем дел од останатите тенисери само го удираат топчето и не се движат како што треба. Треба да се прекине со развојот на топчињата и на тениските подлоги – вели Тони Надал.

Поранешниот тренер на Рафаел Надал, смета дека новата генерација на тенисери не може да ја загрози големата тројка, Федерер, Надал и Ѓоковиќ.

– Борг, Мекинро и Конорс беа големи шампиони кои заедно освоија 26 гран слем титули. А сега погледнете ги Рожер, Рафа и Новак кои имаат дури 54 титули, тоа е повеќе од двојно. Поради тоа е сосема јасно зашто многумина ги сметаат токму нив за најдобри тенисери во историјата. Во секој случај сметам дека тројцата имаа среќа бидејќи генерацијата која дојде по нив е неспособна да ги предизвика – смета чичкото на Рафаел Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот