Томас го возвраќа ударот: Џордан не е меѓу најдобрите тројца кошаркари против кои сум играл

Продолжува „војната на зборови“ помеѓу Мајкл Џордан и Ајзеа Томас.

Прикажувањето на документарниот филм „Последниот танц“ ја крена кошаркарската јавност во САД притоа повторно отворајќи ги непријателствата кои Мајкл Џордан и неговите Чикаго булс ги имаа со противниците.

Во четвртата епизода од документарниот филм, главна тема беше патот на Џордан и „биковите“ кон првата шампионската титула во 1991 година каде акцентот беше ставен на елиминацијата на Детроит пистонс во финалето на Источната конференција и нивното одбивање да пружат рака на подобриот.

Џордан го нападна тогашниот предводник на Детроит, Ајзеа Томас, велејќи дека е серко и одби да слушне што имаше да каже Томас за потегот од 1991 година.

Но, и Томас не му остана должен на Џордан кој според поголем дел од кошаркарските експерти со „Последниот танц“се обидува да ја смени историјата во НБА лигата.

Поранешниот бек на Детроит не смета дека Мајкл Џордан е меѓу тројцата најдобри играчи против кои играл.

„Карим Абдул Џабар, Лери Бирд, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан и Џулиус Ирвинг“, е листата на најдобрите кошаркари против кои играл Томас.

– Џордан и неговиот Чикаго не беа успешни во 1980-тите години, едноставно не беа. Нивната доминација започлна во 1990-тите години. Тогашните Лејкерси, Пистонси, Селтикс, сите го победуваа Чикаго во 1980-тите години. Тоа што Џордан го издвои од сите нас беше тоа што тој прв освои три титули по ред – изјави Томас за телевизијата Си-Би-Ес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот