Том Хенкс се присети на борбата со коронавирусот: Чувствував дека коските ми се направени од крекери! (ВИДЕО)

Фото: IMDB

Познатиот актер Том Хенкс и неговата сопруга, актерката и пејачка Рита Вилсон беа првите холивудски актери кои заболеа од коронавирусот.

Да потсетиме, тие двајца се разболеа средината на март оваа година, а се разбира, по неколку недели целосно закрепнаа.

За борбата со коронавирусот, Том Хенкс зборуваше во емисијата на водителот Стивен Колберт. Актерот неговата сопруга го изгубила чувството за мирис и вкус, а тој не.

Хенкс раскажа дека целиот тој процес бил болен.

– Се чувствував дека коските ми се направени од крекери. Кога одев, имав чувство дека секоја коска во моето тело пука – кажал Том и додал дека го болело задникот и не можел да седи.

Погледнете што кажа познатиот актер:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот