„Тим од соништата“ од наредното лето во Торино

twitter.com/MailSport

Како што тврди „Газета дело Спорт“, Јуве посакува да ангажира дури тројца фудбалери на Манчестер јунајтед, а помеѓу нив е и еден од најдобрите голмани на светот, Давид де Геа.

На шпанскиот чувар на мрежата му истекува договорот со „црвените ѓаволи“ наредната година. Најави за продолжување на соработката сеуште нема, па Де Геа ќе може од зима да преговара со други тимови.

Јувентус тоа сака да го искористи и постигне договор за негово доаѓање во Торино, каде што сигурно би добил место како прв голман покрај Војциех Шчесни.

На листата желби се наоѓаат уште Немања Матиќ и Ерик Бејли, да потсетиме дека од Арсенал како слободен играч дојде Арон Ремзи, додека со Манчестер сити имаше размена на играчи и наместо Жоао Кансело во Торино дојде Данило.

Во Торино работат на доведување на уште некои засилувања, па од наредното лето на овој клуб можеме да гледаме како „Тим од соништата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот