Тибетски мастиф – запознајте го најскапото куче на светот од 2 милиони долари
Кинез пред извесно време платил два милиони долари за куче од расата златен тибетски мастиф. Во тој миг кучето тежело 90 килограми и било високо 80 сантиметри. Називот мастиф се користи за сите поголеми раси кучиња. А, ова куче кое, всушност, е хималајско планинско куче, и потекнува од подрачјето на преселничките народи и култури на Тибет, Кина, Индија, Монголија и Непал.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Златниот тибетски мастиф е симбол на престиж и се смета за најскапото куче во светот, со цена до два милиони долари. Рекордот за најскапо продадено куче на сите времиња го држи тибетскиот мастиф.
View this post on Instagram
Легендата вели дека тибетскиот мастиф е „божјото куче“. На Хималаите, овие кучиња, познати и како „до-ќи“, биле користени како чувари на добитокот, но и домовите на нивните сопственици. До средината на 20 век, оваа раса била речиси непозната во Европа, а благодарение на европските одгледувачи, таа всушност и не исчезнала како вид.
Веќе долго време многумина прашуваат во што е тајната и зошто оваа раса толку вреди. Се покажало дека тибетскиот мастиф е исклучително верен и лојален на газдата до смрт. Подготвен е да се соочи со сите животни, а номадските племиња го користеле за лов и како чува на овци од волци, леопарди, мечки… Денес ова куче е многу ретка раса, поради што стана статусен симбол.
View this post on Instagram
Тибетскиот мастиф има исклучително силна вилица, кафеави очи со спуштени капаци, уши во облик на срце и многу силен граден кош. Одлично поднесува студ, му годи дресура и не е познато дали може да добие некоја болест. Уникатен е и по тоа што женката има парење само еднаш годишно. Живее околу 15 години.
Постојат неколку легенди за потеклото на мастифот, а една од нив раскажува дека во Средна Азија пристигнале со Атила – водачот на Хуните. Според друго предание, тибетскиот мастиф е „божјо куче“ бидејќи е претставувано како „преобразба“ на тибетски свештеник во куче.
View this post on Instagram
По спектакуларната продажба за два милиони долари, сѐ повеќе луѓе почнале да ја одгледуваат оваа раса кучиња, но се покажа и дека таа е многу скапа за одржување. Тибетскиот мастиф не е куче за секого, и бидејќи е потребно долго време за тоа да стекне наклонетост кон човек.


