Тежок удар за Хрватите, сега и победа над Данска не им гарантира четвртфинале

Фото: EPA-EFE/Anne-Christine Poujoulat/POOL

Репрезентацијата на Хрватска вечерва го претрпе првиот пораз на Светското првенство во Египет и значајно ги намали шансите да се најде во четвртфиналето.

Избраниците на селекторот Лино Червар го одиграа еден од најлошите натпревари во последните неколку години, загубија од Аргентина со 23:19 (12:12).

За јужноамериканската селекција доминираа Пизаро и Симонет со по четири голови, а на спротивната страна за „коцкестите“ прв стрелец беше десното крило на Вардар 1961, Чупиќ со седум голови.

Хрватите сега ќе мора по потешкиот пат да бараат „билет“ за следната фаза, доколку Данците денеска ја оправдаат фаворитската улога против Јапонија, ќе мора да бркаат победа над актуелниот светски шампион во последното коло, но воедно ќе им треба триумф на Катар против Аргентина.

Веќе ги дознавме првите четвртфиналисти, од групата „1“ тие се селекциите на Унгарија и Шпанија. Црвената „фурија“ без проблеми славеше против Уругвај (38:23), додека Унгарците со 30:26 беа подобри од Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот