Тешко повреден градежен работник по пад од скеле

Пад на работник од скеле/ Фото: МИА

Градежен работник се здобил со тешки телесни повреди при пад од скеле додека работел на објект во струшлата населба Езерски лозја, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, во Одделението за внатрешни рабпти – Струга вчера во 17.15 часот било пријавено дека 37-годишниот У.Б. од Охрид се повредил при изведување градежни работи на куќа во Струшко.

– Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициски екипи извршиле увид на местото на незгодата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот