Тепачка на жители на Желино и Пирок во Тетово

Фото: Профимедиа

По двајца жители на Желино и Пирок ноќеска после полоќ се пресметувале физички, по што употребиле и тврди и остри предмети. Тројца од четворицата се приведени.

-На улица „Илинденска” во Тетово настанала физичка пресметка помеѓу Н.Л.(28) и А.Б.(29) двајцата од Желино, од една страна и Ј.Ф.(41) и неговиот син М.Ф.(19) од Пирок. Притоа биле употребени остри и тврди предмети. А.Б., М.Ф. и Ј.Ф. биле лишени од слобода и задржани во Полициска станица Тетово, соопшти денес СВР Тетово.

Случајот се документира и ќе следуваат соодветни пријави за учесниците на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот