Теорија на дански шеф на СЗО: Нултиот пациент можеби бил лабораториски работник во Вухан, инфициран од лилјак

Дански научник и шеф на СЗО, Др. Питер Бен Ембарек/ Фото; EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Др. Питер Бен Ембарек, кој го водеше тимот на СЗО во Вухан, каде тие бараа докази за настанокот на вирусот, тврди дека нултиот пациент кој  заболил од Ковид-19 можеби бил вработен во лабораторијата во Вухан, инфицирајќи се од лилјак и покрај тоа што СЗО ја отфрли ваквата теорија, пренесува ТВ2. 

„Вработен во лабораторијата кој бил заразен на терен при земање примероци, потпаѓа под една од најверојатните теории за настанокот на вирусот“ изјави Ембарек за ТВ2.

„Таму вирусот се пренел од лилјакот на човекот. Во тој случај, вработениот во лабораторијата би бил првиот можен заболен од вирусот, за разлика од другите теории кои велат дека тоа бил некој селанец или некој што имал било каков контакт со лилјак“ вели докторот во интервју за телевизијата. 

Тој призна дека неговиот тим нема директни докази за ваквата теорија, но ги критикуваше Кина дека долго време се кријат битни информации за настанокот на вирусот. 

„Најверојатно има човечка грешка зад настанокот на вирусот, можеби затоа Кина не сака да ја признае грешката“ вели научникот Ембарек.

Според него, СЗО немале никаков пристап до подетални информации за лабораторијата и за документите во неа. 

Покрај СЗО, тајните служби на САД внимателно ја следат состојбата во Вухан, тврдејќи дека имаат тајни информации за настанокот на вирусот кој направи светска катастрофа. 

Американски разузнавачи имаат тајни податоци од Кина, ќе го откријат потеклото на короната?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот