Членови на тим на СЗО во инспекција на Вухан: Се сомневаме во тврдењата дека ковид-19 „истекол“ од Институтот во Вухан

Институт за вирологија во Вухан. / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Член на тимот на Светската здравствена организација (СЗО) и заменик директор на Институтот „Пастер“ во Санкт Петербург, Владимир Дедков изнесе сомнежи за тврдењата дека коронавирусот „протекол“ од лабораторија на кинескиот Институт за вирологија во Вухан, пренесе Спутник.

Стручњаците на СЗО кои го истражуваат потеклото на коронавирусот во средата беа во посета на Институтот во Вухан. Дедков притоа истакна дека лабораторијата е многу добро опремена и истакна дека е „тешко да се помисли дека нешто протекло од таму“.

Во веста на Спутник, што ја пренесе и кинеската медиумска група ЦМГ се нагласува дека лабораторијата на Институтот во Вухан е под строги мерки на безбедност, поточно на БСЛ-4, највисоко безбедносно ниво во земјата.

Петер Дасак, исто така член на тимот на СЗО, рече дека добро ја познава лабораторијата и оти во неа се направени бројни достигнувања во областа на научното истражување. Тој додаде и дека некои луѓе сакале да ја извалкаат честа на лабораторијата и да ја дискредитираат што е, според него, „многу иронично“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот