Тенисерите поради коронавирусот останаа без пари, Британка бара работа како продавачка во маркет

твитер

Пандемијата на коронаврусот со суспендира тенисот на неодредено време, а тоа им претставуива огромен проблем на послабо рангираните тенисери.

Добро заработуваат само најдобрите 100 тенисери и тенисерки, додека останатите послаборангирани не можат да заработат доволно пари за мирно да го дочекаат крајот на кризата и продолжувањето на тениските активности.

Британската тенисерка Наоми Броди за да преживее во овие кризни времиња планира да се вработи како продавачка во маркет.

– Тенисот е индивидуален спорт и мораме да заработиме пари. Ако не можеме да играме не можеме ниту да заработиме, тоа е едноставно. Ние играчите кои сме слабо рангирани на АТП и ВТА листата не заработуваме многу и немаме голема заштеда. Затоа размислувам да почнам работа во супермаркет бидејќи тие постојано имаат потреба од работници, а мене ми се потребни пари за да преживеам – изјави Броди.

Британката во моментов се наоѓа 484. позиција на ВТА листата, а својот најдобар пласман го имаше во март 2016 кога беше 76. тенисерка во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот